https://www.facebook.com/belgrade/photos/4616325305095262

12.10.2022 Скопје

Весникот Блиц информира дека Белград утринава беше најзагадениот град во светот со алармантно лош квалитет на воздухот.

Според податоците од апликацијата „IQ Air“, Белград повторно го зазеде првото место на листата на најзагадени градови во светот, а индексот на загаденост бил 172.

Според информациите, нешто „подобра“ е состојбата во главните градови на Индија, Полска и Обединетите Арапски Емирати, кои ги заземаат второто, третото и четвртото место на оваа листа. Меѓу првите пет и Кина, односно главниот град Пекинг, кој исто така е обоен во црвено, што е знак за многу нездрав и загаден воздух.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *