https://www.flickr.com/photos/priorityexhibitions/5983833009/in/photolist-a7LH5D-QQMkkD-2ewwszN-s3yLow-6yeoCB-6yeoCn-eHLYvu-8PCPdU-JxAc6-7JjzPD-abdzM9-aHBam2-YoY8Ax-6yeoCg-ammYet-6yeoCM-8MUJRX-EZkJ4-8MXPGu-5J9HSL-5J5s6g-8MXNwL-ammYnn-XvTcNJ-XRQGiC-8MXNXL-8MXNKG-8MUHN6-8MUHZP-an1Dsx-8MUHQe-an4tSo-8MUHtZ-an4tNY-8MUHmx-an1DPR-8MUHXk-an1Dy4-8MUJyD-8MXPhQ-8MXNCy-an4tUQ-an4tWQ-an1DzR-8MUHGx-8MXNum-2nNJcKg-an4tCj-8MXPeb-8MXNUW

19.10.2022 Скопје

На три реномирани интернационални вински натпревари кои изминатиот период се одржаа во Германија, Велика Британија и Австрија, вината на „Тиквеш“ и „Tikves Chateaux & Domaines“, освоија 23 медали и една специјална награда за најдобро македонско вино.

Со овие награди, вкупниот број на освоени медали и признанија од почетокот на оваа година, се искачи на речиси 100, со што „Тиквеш“ одново ја потврдува лидерската позиција на винскиот пазар и континуираниот стремеж кон производство на најдоброто и на своите потрошувачи да го понуди најдоброто од својот асортиман.

Вината на „Тиквеш“ и „Tikves Chateaux & Domaines“, веќе со години се најтрофејни во Југоисточна Европа, што претставува значајна конкурентска одлика меѓу производителите на вино. Освојувањето на овие признанија има големо значење за јакнењето на угледот на Северна Македонија како винска земја во глобални рамки, како и за пробивот на вината на „Тиквеш“ и на останатите македонски вина на светските пазари.

Подготвено од М.Н.

About Author