27.10.2022 Скопје
Европската комисија предложи закон според кој банките ќе мора веднаш да ги извршуваат сите трансакции во евра без дополнителни трошоци.
Според предлогот на Комисијата, плаќањата во ЕУ и во Европската економска област ќе бидат инстантно депонирани на сметката, без оглед на времето од денот и денот во неделата и дали е работен или неработен ден.
Сега се чека до три дена, особено ако исплатата се изврши на крајот на неделата. Најчесто треба да почекате до понеделник да се појават парите на вашата сметка.
Мериад Мекгинис, комесарот за финансиски услуги, истакна дека преместувањето од плаќање следниот ден, на плаќање од 10 секунди е исто како да се префрлате од обична пошта на е-пошта.
Подготвено од А.Ѓ.