16.10.2022 Скопје
Во големото невреме што во вчерашниот ден ги зафати северниот и североисточниот дел на грчкиот остров Крит, едно лице го загуби животот, над 30 лица биле спасени а спасувачките екипи трагаат по едно исчезнато лице, изјави потпаролот на противпожарната служба на Грција, Јоанис Артопиос.
Невремето ги погоди регионите Ираклио и Ласити, а во приморското место ја зафати и туристичката дестинација Агиа Пелагиа, во кој дел имало многу заглавени лица во своите автомобили во надојдените води.
Според Артопиос, во делот на Агиа Пелагиа во тек е потрага по исчезнато лице, а пријави за други исчезнати во поплавата засега нема.
Потпаролот на противпожарната служба на Грција, додаде дека невремето се префрлило во источниот дел на Крит, а обилни врнежи има и на островите Карпатос и Касос.
Подготвено од М.Н.