01.10.2022 Скопје
Началникот на Здружениот генералштаб на јужнокорејската војска, изјави дека Северна Кореја денеска истрелала балистичка ракета кон својот источен брег, со што го означи четвртото лансирање на Пјонгјанг за една недела и ги зголеми тензиите на Корејскиот полуостров.
Лансирањето доаѓа откако САД и Јужна Кореја ја одржаа својата најголема воена вежба во последните пет години, откако американската потпретседателка, Камала Харис ја посетила Јужна Кореја.
Северна Кореја истрелала ракети пред и по посетата на Камала Харис на Јужна Кореја, зголемувајќи го рекордното темпо на тестирање на оружје оваа година, со што ја зголемува заканата од веродостојна нуклеарна сила која може да ги нападне Соединетите Држави и нивните сојузници.
Пјонгјанг го има извршено првото тестирање на интерконтинентална балистичка ракета за прв пат од 2017 година. Советот на безбедност на ОН одамна ги има забрането нуклеарните тестови и лансирањето на балистички ракети на Северна Кореја.
Оваа изолирана земја ги завршила подготовките и за нуклеарна проба, прозорец што би можел да се отвори помеѓу партискиот конгрес на Кина во октомври и изборите кои ќе се одржат на средината на претседателскиот мандат во САД во Ноември, изјавија јужнокорејските пратеници.
Американската војска е свесна за лансирањето на севернокорејските балистички ракети, но оцениле дека овие инциденти не претставуваат непосредна закана за американскиот персонал, или пак американската територија.
Со соопштение од американската борбена команда истакнале дека заложбите на Америка за одбрана на Јапонија и Република Кореја, остануваат и понатаму многу силни.
Подготвено од М.Н.