https://www.flickr.com/photos/41840576@N07/8150380914/in/photolist-dqdQhS-5wbsu6-TroJxb-xwNmjg-2kZPFg4-9nXRoT-5yeTk5-2iDgaQh-5w94TQ-5Dh3JU-5yavRK-5yauS6-2m6t4xe-2frX5Yc-2gvUYRR-2gvUAgp-2m5kvGY-2kuhNSx-ybij3t-yapsWm-ybZ2kr-2mVJxcj-2kVQNZi-2iDiUkM-5wgbUh-9nXR8a-2m4Lgzk-2iDiUhR-dqdLAS-5yeSUC-6q7dGE-2ku2jtf-2ntto8X-5WZwy4-4e72v2-2kSJ8Bh-2k7YPet-5r5qZB-2iEDJNV-2k5sEfo-2k6b1TJ-5tKv5e-5tKuvH-2kj2QNo-5tKvyT-5tPSG1-5tPRG5-2k7YP5R-5tPShU-2kDPYE7

07.10.2022 Скопје

Претседателот на Америка, Џо Бајден, оцени дека руските закани за употреба на нуклеарно оружје во војната со Украина, носат ризик од „апокалипса“ првпат после ракетната криза во Куба во 1962 година во екот на Студената војна.

Американскиот претседател Бајден, истакна дека ова е прва директна закана од употреба на нуклеарно оружје за прв пат после кубанската ракетна криза, доколку работите продолжат да одат по сегашниот пат, нема да има крај без да биде предизвикана апокалипса.

Соочен со силниот украински отпор зајакнат со западната воена помош, рускиот претседател Владимир Путин, во негово обраќање истакна дека е подготвен да ги искористи сите средства од својот арсенал и го обвини Западот дека сака да ја уништи Русија и додаде дека тој воопшто не блефира.

Експертите веруваат дека доколку такви напади има, ќе биде користено тактичко нуклеарно оружје, со помало експлозивно полнење од стратегиско нуклеарно оружје, но Бајден предупредува дека дури и еден тактички нуклеарен напад би бил ризик за предизвикување на поширок конфликт во светот.

Американскиот претседател додаде дека Путин не се шегува кога зборува за потенцијална употреба на тактичко нуклеарно оружје, или употреба на биолошко или хемиско оружје, и мора да бидат крајно претпазливи, Бајден истакна и дека САД ќе се обидат да откријат каде е излезот на рускиот претседател Владимир Путин.

Подготвено од М.Н.

About Author