21.10.2022 Скопје
Претседателот на Америка, Џо Бајден, ја обвини Републиканската партија дека сака да ја намали помошта кон Украина, доколку победи на среднорочните избори за Конгресот наредниот месец.
Бајден тврди дека републиканците изјавиле, доколку победат, веројатноста е голема дека нема да продолжат да ја финансираат Украина, и додаде дека републиканците воопшто не разбираат како стојат работите, и дека ова прашање не е само за Украина туку и за Источна Европа и НАТО.
Лидерот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, предупреди дека неговата партија нема да потпише празен чек за Украина, доколку ги добие изборите.
Од самиот почеток на руската инвазија врз Украина, САД до Киев има доставено воена помош во вредност од 17,6 милијарди долари.
Подготвено од М.Н.