26.10.2022 Скопје
Претседателот на Америка, Џо Бајден, прими унапредена вакцина против Ковид-19, за да поттикне што е можно поголем број на граѓани на Соединетите Американски Држави да се заштитат од тој вирус.
Потпаролката на Белата куќа, Карин Жан Пјер, истакна дека околу 12 милиони Американци, минатата недела ја имаат примено новата варијанта на вакцината што е раст за околу 60 отсто во однос на првата недела на вакцинацијата.
Предходно од Белата куќа соопштија дека само 20 милиони Аериканци ја примиле унапредената вакцина против Ковид-19.
Подготвено од М.Н.