https://www.facebook.com/jspskopjee/photos/2275799972550513

19.10.2022 Скопје

Неколку автобуси на Јавното претпријатие ЈСП се веќе пристигнати пред Владата, се паркираа и ја блокираа улицата, каде во моментот започна протестот на јавниот градски превоз.

И покрај тоа што овој протест беше најавен во вчерашниот ден, полицијата не го запре навреме сообраќајот на овој дел, и граѓаните кои се заглавни со своите возила зад автобусите кои ја блокираа улицата во обид да излезат од метежот вртат полукружно, возејќи преку средишното зеленило на Илинденска.

Вработените на ЈСП-Скопје денес протестираат бидејќи бараат Владата да им ги исплати средствата за бесплатниот превоз на учениците и студентите, за да може тие да ги добијат платите кои им доцнат.

Претходно од Владата излегоа со соопштение дека тоа не е одговорност на Владата и дека општините се тие кои треба да извршат исплата на ЈСП, и упатија апел до раководствата на општините да бидат поодговорни со регулирањето на општинскиот буџет.

Подготвено од М.Н.

About Author