26.10.2022 Скопје
„Ауди“ влегува во Формула 1 од 2026 година и тоа како стратешки партнер на Заубер.
Германскиот производител пред неколку месеци најави дека влегува во Формула 1. Од компанијата потврдија дека започнале на работа на нова погонска единца.
Заубер ќе продолжи да ги произведува останатите делови за болидите кои се користат на патеките во Ф1, а исто така и ќе носи одлуки за планирање и извршување на тркачките операции.
Подготвено од А.Ѓ.