18.10.2022 Скопје
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, изјави дека таа и раководството на Град Скопје не се одговорни за тоа дека Скопјани може да останат без јавен превоз.
Градоначалничката Арсовска, истакна дека Скопје нема да остане без јавен превоз, бидејќи на вработените овие денови ќе им биде исплатена септемвриската плата.
Вработените во ЈСП најавија дека ќе престанат да ги извршуваат своите работни обврски доколку не им се исплати задоцнетата плата, а подоцна најавија и дека во утрешниот ден во 12 часот ќе излезат на протест пред Владата.
Секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров, истакна дека Министерството за образование и наука му должи на ЈСП 120 милиони денари, а 40 милиони денари должат општините, а додатно е и финансискиот притисок поради наследениот долг од 90 милиони денари кон приватните автобуски превозници.
Глигоров изрази надеж дека властите наскоро ќе ги подмират своите долгови кој претпријатието, за да може редовно да бидат исплатени платите на вработените и редовно да бидат извршувани своите тековни обврски.
Подготвено од М.Н.