14.10.2022 Скопје
Лидерот на политичката партија и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев, денес во Агенцијата за заштита на лични податоци, поднесе Барање за утврдување повреда на правото на заштита на личните податоци.
Пријавеното лице се терети дека, на ден 12 октомври 2022, преку неговиот кабинет, до група новинари и медиумски редакции испратил принт-скрин од потпишаното Известување по претходно поднесената граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на задолжителен дополнителен референдум, каде што лидерот на Левица, Апасиев, како физичко лице, фигурира како првопотпишан граѓанин со правен статус на овластен предлагач.
Известувањето, без никакво претходно одобрение или пак дозвола, обвинетото службено лице ја проциркулирал и јавно ја објавил приватната домашна адреса на живеење на подносителот, односно Димитар Апасиев, и без никаква цензура или пак затемнување била објавена во сите медиуми во државата.
Со ова противзаконско дејствие, пријавеното службено лице сторил намерна повреда и злоупотреба на личните податоци кои законски се заштитени, со што ја има загрозено безбедноста на подносителот, како и безбедноста на неговото цело семејство.
Подготвено од М.Н.