12.10.2022 Скопје
Тјери Анри му порача на Килијан Мбапе, дека клубот е поголем од сите и го советувал да престане да се жали и да се потруди да го даде најдоброто од себе на позицијата која ќе му биде одредена од страна на тренерот.
Мбапе неколку пати се има пожалено од својата позиција која ја игра во Клубот на ПСЖ, а последен пат тоа го стори изминатиот викенд, откако против Ремс играше како осамен играч. Голем број на извори пренесуваат дека Французинот е разочаран бидејќи неговите очекувања и ветувања не биле исполнети, и планира да го напушти Париз во јануари.
Гласините за овие теми се дискутирани пошироко и легендата од Арсенал и Франција, Тјери Анри, му даде на својот сонародник пример од свое лично искуство, односно дека не сакал да игра како лево крило во Барселона, и дека го мразел тоа, но сепак за својот тим играл најдобро што можел, бидејќи кога шефот ќе побара нешто од тебе, треба тоа да биде направено најдобро доколку така тимот има корист, и на крај додаде дека има простор за да се побуниш само ако тимот за кој што настапуваш воопшто нема корист од позицијата на која си распределен.
Подготвено од М.Н.