https://www.facebook.com/makpetrol.ultra/photos/pcb.3382147642053028/3382147008719758/

26.10.2022 Скопје

Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на Макпетрол АД Скопје, ја доби престижната голема награда со златна лента и признание за животно дело „Креатори на векови“ за исклучителни постигнувања и развој на претприемништвото на подрачјето на Средна и Југоисточна Европа.

На Регионалниот самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 најдобри“, што годинава по осми пат се одржа во градот Дубровник во Хрватска, беше доделена наградата.

Признанието за животно дело доаѓа во годината кога „Макпетрол“ одбележува 75 години од основањето на компанијата, период во кој г. Јосифовски има исклучително значајна улога во издигнувањето на нафтената компанија од локална приказна до еден од најуспешните и најпрепознатливите брендови во регионот и пошироко.

За изборот на добитникот на наградата за животно дело одлучуваат признаени професионалци од областа на економијата, финансискиот сектор и маркетингот од 10 земји. Тие одлуката ја носат врз основа на идентификување на големите визионери, лидери и креатори на иднината, чиј труд, храброст, знаење, креативност и врвни резултати се темел и главен двигател на напредокот на заедницата и на развојните предизвици на новото време.

https://www.facebook.com/makpetrol.ultra/photos/pcb.3382147642053028/3382147005386425

Андреа Јосифовски истакна дека е почестен и горд што еминентни имиња од претприемништвото одлучија да му го доделат ова многу значајно признание, додавајќи дека „Макпетрол“ е компанија која има оставено траен белег во неговиот професионален живот, но истовремено има силно влијание врз развојот на целокупната економија во Република Северна Македонија и во поширокиот регион. За Јосифовски, оваа награда е признание дека регионот ги препознава и вреднува заложбите на компанијата „Макпетрол“, да изгради и одржи компанија со јасна визија и цел, посветена на равојот и технолошките иновации со особено внимание на заштитата на животната средина и пружање континуирана поддршка на локалната заедница.

Наградата „Креатори на векови“ има долгорочна цел да креира поволен амбиент за нови постигнувања и да израсне нови генерации носители на развојот во регионот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *