19.10.2022 Скопје
Американските власти соопштија дека американски борбени авиони пресретнале два руски бомбардери во близина на американската држава Алјаска.
Според информациите од американските власти вчера, два борбени авиони Ф-16 на американските воздухопловни сили пресретнале два руски бомбардери Ту-95, кои на 17 октомври влегоа во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска.
НОРАД истакна дека тоа не го гледа како закана ниту како провокација, а исто така рутински го следи движењето на странските авиони и ги придружува надвор од зоната за идентификација на противвоздушната одбрана доколку е потребно.
Подготвено од А.Ѓ.