https://www.flickr.com/photos/justinbaeder/1142039804/in/photolist-2JVfDs-e146uU-4zjGKg-8R5PqH-4L3p9o-7CezRP-8LvCf-8WVSaa-9xfwTM-4toLXi-bvCRSa-K5M9U-7z6wy8-4ECag7-4rCwGA-7nAZEt-497cjQ-9Rp9zM-4toLqx-2mk3hE-q7CV1d-6k8moJ-5eV9Eh-q1nP7-6a6dr2-9xfuci-6gQXxQ-csebqb-5Js7Ca-5eV9jQ-323yUv-or9mDV-qgh2cb-6Dr4iH-xtmb7-9xiBoh-6C2w1K-NKVyF-61PtmT-24848E-6RGovt-7Rjcnr-aisJo6-5eV9vE-pYjPg-4rkBp7-7MH9J6-5JerDJ-24YiCj-6tW3gz

27.10.2022 Скопје

Соединетите Американски Држави се со рекордно ниско ниво на резерви на дизел горивото, за сега се проценува дека имаат залиха за само 25 дена, а во моментов нема можност за создавање на нови залихи во рамки на споствените капацитети.

Рафинериите се надвор од функција поради редовното сезонско одржување, а на пазарот поради кризата и високите цени владее недостиг. Според американската Енергетско информативна администрација (ЕИА), залихите во регионот Нова Англија каде дизелот се користи и за греење, паднале на само една третина од вообичаеното ниво од 1993 година до денес и сето тоа резултирало со растот на цената на дизелот.

Од несигурни извори, се претпоставува дека Америка засега има најдено соодветно решение, односно два танкери со околу милион борели дизел гориво кои биле на пат кон Европа се пренасоочени кон Њујорк.

Подготвено од М.Н.

About Author