28.10.2022 Скопје
Вчера, САД и нивните сојузници ја критикуваа Русија дека му го губат времето на Советот за безбедност на ОН со ширење заговори и повторување на обвинувањата дека САД имаат „воени биолошки програми” во Украина.
Претходно, Русија во Советот за безбедност најмалку двапати го покрена прашањето за програмата за биолошко оружје во Украина, а САД и Украина изјавија дека немаат такви програми.
Русија сега се залага за официјална истрага, подготвувајќи резолуција на Советот за безбедност за формирање комисија составена од сите 15 членови на Советот за да ги испита нејзините тврдења.
Британските медиуми пренесуваат дека според Конвенцијата за биолошко оружје, шпо стапи на сила во 1975 година, таков еден потег е можен, но никогаш досега не бил спроведен.
Линда Томас-Гринфилд, амбасадорката на САД во ОН, истакна дека обвинувањата на Русија се „чисти измислици направени без трошка доказ”, дека средбата е „колосално губење време”, обид да се одвлече вниманието од злосторствата на руските сили во Украина и очајна тактика за оправдување на неоправдана војна.
Ставот на претставникот на ОН за разоружување е дека немаат сознанија за никакви програми за биолошко оружје во Украина.
Во моментов не се знае кога Русија ќе ја стави на гласање нацрт-резолуцијата, за која се потребни девет гласа „за”, а која за да биде усвоена не треба да има вето од Русија, Кина, САД, Франција или Велика Британија.
Подготвено од А.Ѓ.