https://www.facebook.com/photo.php?fbid=515434317261233&set=pb.100063840064648.-2207520000.&type=3

31.10.2022 Скопје

Денеска, во Амбасадата на Јапонија беше потпишан договор од страна на амбасадорот Хиронори Савада и проф. д-р Сашко Јовев, директор на Универзитетската клиника за Државна Кардиохирургија во вредност од 39.693 евра.

Како што соопштија, овој договор има за цел да набави бронхоскоп кој ќе обезбеди побезбедни здравствени услуги за пациентите при дијагноза, хоспитализација и операција.

Амбасадорот Савада, во своето обраќање, соопшти дека овој проект ќе придонесе за значително зголемување на безбедноста на пациентите кои се оперираат или се хоспитализирани на клиниката, како и ќе обезбеди брзо и навремено дијагностицирање и успешно лекување на повеќе од 50,000 пациенти во следните 10 години.

Д-р Јовев порача дека е чест да бидат дел од семејството на приматели на GGP грант програмата. Воедно, се заблагодари за донацијата, којашто е апсолутно потребна и адекватна за уште подобро функционирање на клиниката, а во служба на пациентите.

Преку GGP – Грант помош на мали проекти за човекова безбедност досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од три милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош.

Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за Ковид-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за сто пациенти со Ковид-19.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author