amazon kompanija

21.10.2022 Скопје

Американскиот гигант за онлајн трговија „Амазон” во Европа ги поднесе првите кривични пријави и тужби поради лажни рецензии на производи што поединци и групи на социјалните мрежи ги претворија во профитабилен бизнис.

„Амазон” поднесе кривична пријава во Италија и тужба во Шпанија за да стави крај на продавачите на лажни рецензии.

Мета на „Амазон“ се поединци кои управуваат со над 11 илјади интернет страници и групи на социјалните мрежи, што оркестрираат пишување лажни рецензии на „Амазон” и на други продавници, во замена за пари или бесплатни производи.

Гигантот, во Италија, поднесе кривична пријава против успешен продавач на лажни реценции, кој изградил мрежа од поединци подготвени да купат производи на „Амазон“ и да објават рецензија со пет ѕвездички, во замена за целосно рефундирање.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author