22.10.2022 Скопје
Алијанса за Албанците преку соопштение до јавноста го поздрави повторното започнување на Берлинскиот процес од страна на канцеларот на Сојузна Република Германија и договорите што ги постигнаа вчера шесте земји од Западен Балкан под водство на германската Министерка за надворешни работи Аналена Баербок.
Според Алијанса за Албанците, се докажало дека проектот Отворен Балкан не придонесува во зголемување на регионалната соработка, туку ги продлабочува раздорите и негативно влијае во вистинската интеграција на регионот минирајќи ја имплементацијата на Заедничкиот регионален пазар на Берлинскиот процес. Ова, како што велат, се потврдило и од Извештајот за прогресот 2022 година за Северна Македонија, во кој се оценува дека имплементацијата на четирите слободи на движење на Ееинствениот пазар останува меѓу најслабите точки на европските реформи во земјата.
Подготвено од А.Ѓ.