Photo by Pixabay: https://www.pexels.com/photo/industrial-machine-during-golden-hour-162568/

18.10.2022 Скопје

Британските медиуми информираат дека администрацијата на Џо Бајден планира да продава нафта од стратешките нафтени резерви, во обид да ги намали цените на горивата пред изборите за Конгресот, следниот месец.

Со продажбата, на пазарот ќе отидат останатите 14 милиони барели од претходно најавените од Бајден и досега најголемо земање од резервите во вкупна количина од 180 милиони барели, што започна во мај.

Администрацијата разговарала и со нафтените компании за продажба на дополнителни 26 милиони барели, нешто што е овластено од Конгресот, за фискалната 2023 година што започна на 1 октомври.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author