https://www.facebook.com/photo.php?fbid=666794918135365&set=pb.100044145893852.-2207520000..&type=3

08.10.2022 Скопје

Дритан Абазовиќ, премиерот на Владата на Црна Гора во технички мандат, изјави дека причината за разрешувањето на вршителот на должноста директор на Агенцијата за национална безбедност, Саво Кентера, е „специјална војна“ што се води преку безбедносните служби против одредени членови на Владата.

Абазовиќ, доцна синоќа, изјави дека одредени луѓе на АНБ се обидуваат да подготват или веќе подготвиле афери во однос на некои членови на Владата и некои членови на Полициската управа, истакнувајќи дека нема да открива имиња. Воедно, додаде дека го прашал Кентера дали е запознат со тие работи и дека добил негативен одговор.

Претходно вчера, на предлог на Абазовиќ, Владата на Црна Гора го разреши директорот на АНБ, Кентера. Тоа ги изненади некои западни дипломати кои рекоа дека работата на сменетиот директор е високо ценета во западните метрополи, додека неколку партии од опозицијата ја поврзаа одлуката со неодамна разоткриената мрежа на соработници на руската разузнавачка служба.

Коментирајќи го отказот, сменетиот директор на АНБ, за време на безбедносниот форум во Будва, истакна дека тоа не е добар знак за оние кои ја гледаат Црна Гора како дел од Западот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author