25.10.2022 Скопје
Дритан Абазовиќ, премиерот на Црна Гора, ќе ја преземе координацијата на Министерството за надворешни работи на Црна Гора, откако го разреши министерот Ранко Кривокапиќ.
Министерството за одбрана најверојатно ќе го координира актуелниот министер за внатрешни работи Филип Аџиќ, додека Бирото за оперативна координација (БОК) треба да го води министерот за правда Марко Ковач.
Собранието на 21 октомври ги разреши министрите за одбрана и за надворешни работи Рашко Коњевиќ и Ранко Кривокапиќ со гласовите на пратениците од „старото мнозинство“.
Иницијативата за нивна смена ја поднесе Абазовиќ, а во образложението испратено до претседателката на Собранието, Данијела Ѓуровиќ, меѓу другото се наведува дека „во периодот од гласањето недоверба на Владата до поднесувањето на овој предлог, јавните дејствија на министрите Коњевиќ и Кривокапиќ континуирано отстапуваа од официјалниот став на Владата“.
Подготвено од А.Ѓ.