https://www.flickr.com/photos/kurdistan4all/49071544446/in/photolist-2hLhux9-2hLhuxe-2hLhuy1-zKiLCo-8zpmmq-nnTTQE-9Zjxto-NAUUuZ-jyjyFo-ALewxG-9As9Db-ndUtfa-9ZjxEN-mYBHgM-9wDxEn-8AueAY-9wGtnQ-a96nQN-8G6e8a-RnVZtF-2kJj1Lo-abuwwj-9ApdwV-9YHj2s-dQUJC5-zLqtXH-suEfbW-2f9iuAk-2jFnsu7-2mgu2Ds-oZ8TkF-pmDe9d-ssxkPj-sbvcFX-sdeRx9-crzqkE-p5B8d8-2nD9Hte-U3ddkU-6b3wVc-2nPy1b2-fNNqRD-fspgB6-qzUsKe-6S5W5F-H791BT-HaAKmf-fsDFPN-qimu27-eqp8EY

20.10.2022 Скопје

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека, 15 жени и 40 деца, кои останале во камповите за заробени џихадисти во северот на Сирија, се вратени во земјата.

Ова е прва голема операција за репатријација во последните три месеци, малолетните лица се предадени на надлежните служби и ќе им биде укажана здравствена и социјална помош, а возрасните ќе бидат предадени на надлежните судски органи, се наведува во соопштението.

Оваа група жени е меѓу француските државјанки кои доброволно се предале во областите под контрола на џихадистичките групи во ирачко-сириската зона, а биле заробени по поразот на организацијата Исламска држава во 2019 година.

Поголемиот број од децата се родени во кампот.

Франција упати благодарност кон властите на североисточна Сирија (курдските власти) за нивната соработка, без која оваа операција немаше да биде возможна.

Подготвено од М.Н.

About Author