21.09.2022 Скопје
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, остварил неформален состаник со лидерите на Западен Балкан.
Овие неформални собири се одржуваат двапати во годината во Брисел и Њујорк и суштината им е неформална можност за размена на мислења за предизвиците во регионот и за европската иднина во целиот регион.
Вчерашната дискусија била фокусирана на глобалното и регионалното влијание на илегалната војна на Русија против Украина. Борел и лидерите од Западен Балкан, разговарале како заеднички да ги решат штетните последици од оваа војна кои ги зафатија цените на храната и енергијата.
Жозеп Борел ја истакнал поддршката која Европската Унија ја дава на Западен Балкан за зајакнување на енергетската безбедност и за справување со хибридните закани, вклучително и за кибер и за странски манипулации со информации и мешање, и истакнал дека ЕУ и Западен Балкан ќе продолжат да стојат заедно во соочувањето со предизвиците кои што војната на Русија во Украина ги наметнува на глобално ниво.
Подготвено од М.Н.