07.09.2022 Скопје
На социјалните мрежи се појави двоминутен клип со наслов „Зимата ќе биде долга“, каде покажува како Европа ќе замрзне среде превисоките цени на енергијата, предизвикани од инвазијата на Русија врз Украина.
На видеото се гледа како работник ги исклучува вентилите, испраќајки ја иглата за притисок на нула, додека ледените облаци се појавуваат на екранот, прошарани со воздушни снимки од Брисел, Берлин, Париз и Лондон.
Нефункционалниот гасовод „Северен тек 2“, кој беше суспендиран од Германија како санкција против руската инвазија, исто така се наоѓа на видеото.
Видеото завршува со снимка од седиштето на „Гаспром“ во Санкт Петербург, покажувајќи го центарот Лахта, која е највисока зграда во Европа. Видеото е подржано со женски глас, кој ги пее зборовите на традиционалната песна „Зимата ќе биде долга“ од Јуриј Визбор.
Видеото е објавено во период кога Европа се бори да ја запре енергетската криза, која може да доведе до прекини на струја, затворени фабрики и рецесија на струја.
Подготвено од М.Н.