02.09.2022 Скопје
Власта во изминатите пет години покажа вистинска грижа за вработените во образованието, како и за унапредување на условите за изведување на наставниот процес. Со досегашното покачување на платите од 21 процент, 25.000 наставници ќе имаат подолема плата во однос од 2017 година, се вели во соопштението на партијата.
СДСМ соопшти дека за пет години ги зголемиле платите во образованието за 36 проценти, додека во период од 2011 до 2016 година за време на вледеењето на ВМРО-ДПМНЕ платите во образованието пораснале за само 4 отсто.
Опозициската партија со години ги малтретираше и уценуваше наставниците и професорите, го потценуваше нивниот труд и го погазуваа нивното достоинство. За разлика од нив, која се служеше се закани и уцени, СДСМ им обезбеди повисоки плати и подобри услови за работа на наставниот кадар, стои во соопштението од владеачката партија.
Подготвено од М.Н.