https://www.flickr.com/photos/137155689@N07/22655871124/in/photolist-Aw2gaE-9s5KZ9-2nb8q3c-2jfxT2C-XdDrbZ-2hMwX8Q-fxz5fw-6SbofX-ppv4nf-2dFvirL-e395h9-rzFknx-cB788L-5nU4w2-dXF5XN-e395mQ-cB71ZL-cB768Q-cB75zw-5nYiyq-cAQqaL-5nYiKQ-cAQoz3-5nYk1Y-6sv6hD-ewzzRw-e395q1-5nU4Tp-e395uQ-oKES5L-e395s1-ewwsdF-2miZ6D5-cUk4ns-cUk44Y-5nU4NX-5nU4Fi-5nYj2Q-cUk4e1-dJkzoT-5nYjmG-2gJagy7-5nYjfN-5nYhZ1-4UZdqM-5nU4Qv-DEgX7u-amPTkr-cUk3UC-5nYiCh

28.09.2022 Скопје

Група од 15 земји членки на Европската Унија го засили притисокот врз Брисел да подготви план за ограничување на големопродажната цена на природниот гас во целиот блок. Тие испратија писмо до комесарот за енергетика Кадри Симсон, каде што е наведено барањето за ограничување на цената на гасот, а додаваат дека на вонредниот состанок в петок на министрите за енергетика на Унијата, очекуваат конкретен предлог по однос на ова прашање.

Документот го потпишаа министрите за енергетика од 15 земји: Белгија, Бугарија, Хрватска, Франција, Грција, Италија, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија и Шпанија.

Во писмото упатено до комесарот за енергетика Кадри, стои дека ги признаваат напорите на Комисијата и мерките што ги предложи за соочување со кризата, но допрва треба да се соочат со најсериозниот проблем, големопродажната цена на природниот гас. Воедно, во писмото се додава дека ограничувањето на цените на бензинот ќе им помогне на земјите да се справат со инфлациските притисоци што ги погодуваат домаќинствата и деловните субјекти.

Германија, Холандија и Данска сметаат дека ограничувањето на цените на гасот може да ја загрози безбедноста на снабдувањето со поткопување на способноста на Европската Унија да привлече испораки на гас оваа зима.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author