https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3179023185681369&set=pb.100007211555008.-2207520000..&type=3

29.09.2022 Скопје

Володимир Зеленски, претседателот на Украина, за утре свика итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Портпаролот на украинскиот претседател Зеленски, Сергеј Никофоров, информира дека агендата и другите детали ќе бидат објавени подоцна.

Денеска, Кремљ соопшти дека рускиот претседател Путин, во текот на утрешниот ден, на церемонија во Москва ќе ги потпише документите за присоединување кон Русија на украинските територии на кои беа спроведени референдумски изјаснувања. Додека пак, Зеленски ја предупреди Русија дека ќе следува мошне остар одговор од Киев, доколку Москва ги анектира четирите украински региони.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author