29.09.2022 Скопје
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, воопшто не е среќен откако излегоа во јавноста најавите дека Русија ќе анектира четири украински региони, откако во тие територии се одржа референдум.
Претседателот Зеленски изјави дека гласовите од референдумите се безвредни и тие гласови воопшто нема да ја сменат реалноста во Украина.
Зеленски истакна дека територијалниот интегритет на Украина ќе биде вратен и дека лично тој како претседател ќе се бори за тоа да биде така. Зеленски остро се заканил дека доколку Русија ги признае резултатите и доколку ги присвои тие четири региони кон Руската Федерација, Украина остро ќе возврати на таа одлука.
Подготвено од М.Н.