Photo by FoxTony form PxHere

22.09.2022 Скопје

Околу 500 луѓе, административци, млади, спортисти, планинари, граѓански здруженија, љубители на природните убавини, беа присутни на одржувањето на „Зелен викенд“ во Крива Паланка во рамки на проектот „Поврзување на бисерите“ што Општина Крива Паланка и Град Лесковац заедно со центарот за развој на Јабланичко-Пчињски регион го имплементираат со финансиски сретства од Европската Унија.

Настанот опфатил активности во природа со спортско забавен карактер, на кои учествувале околу сто и пеесет млади спортисти, се има одржано на локалитетот „Станечки Водопади“ но и во двата дена се реализирале и планински тури од Станечки Водопади до локалитетот Ловечка куќа на Калин Камен, во кои учествувале околу 500 учесници и уживале во природните потенцијали и недопрената природа на Осоговието и Крива Паланка.

Локалитетот на Стабечки Водопади е уреден, направена е патека во должина од 4.300 метри, а младите и сите учесници во Зелениот викенд, промовирале здрави навики.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, се обратил пред присутните во Конакот Калин Камен и упатил честитки за успешноста на овој проект. Проектните тимови од двата града веќе имаа подготвено нова проектна документација и аплициран е нов проект од ИПА која е програма од Европската Унија за прекугранична соработка меѓу Србија и Северна Македонија.

Експерти од областа на туризмот од двете држави, имаат изготвено истражувања на триесет туристички локалитети, културни манифестации и верски објекти во Лесковац и Крива Паланка, на чијашто понатамошна континуирана надградба како туристичка понуда ќе се работи. Планинарските друштва од Крива Паланка, Куманово и Лесковац оформиле соработка и потпишале меморандум за соработка и потпишале меморандуми за соработка во рамки на овој настан, а веќе разработуваат идеја за обнова на „Европската пешачка патека“.

Подготвено од М.Н.

About Author