https://www.flickr.com/photos/151091347@N03/38317459722/in/photolist-21nYZPh-cCt11m-21FHkn3-8eQApt-bsDUsx-acP2vh-dxDXaQ-4DAdKC-21FHkdL-ft26Lj-o8ThF4-bnVzzi-7H7X5E-25FRy4S-6y7z8c-K6NVC-qyjq4Q-276G277-28tB3EH-38KAWu-28tB2Li-2aq5d7t-RfPsQk-NhHoyQ-b9jGA-273ztP7-JjW6M9-2mo2ARZ-2juk9Ei-2npVNM8-Squ5sa-2gGnGnz-2m3t4dC-2jJrcot-csrUvy-24ibc7y-x7RxNu-27CPQrQ-2m7Gcjd-d8j2aj-29ySzTT-2m7GwnS-2gsZfby-2j1Lnp4-2jUhs3S-FZ6oST-rtGfM7-cJjTK3-2eWB2jJ-M49Vtm

14.09.2022 Скопје

Лидерот на националистичката популистичка партија на Шведски демократи, Џими Акесон, прогласи победа над десничарскиот блок на изборите оддржани во Шведска за време на овој викенд, а премиерката Магдалена Андерсон го призна поразот.

По речиси сите пребројани гласови, десничарскиот блок од четири партии меѓу кои и Шведските демократи по се изгледа дека има освоено многу тенко мнозинство во Шведскиот парламент Риксдаг, кој има 349 пратеници и малиот број на непребројани гласови нема да може да го промени моменталниот резултат.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон го призна поразот на левицата и победата на блокот на десницата и екстремната десница. Премиерката на прес – конференција изјавила дека прелиминарните резултати се многу јасни и призна дека нејзиниот блок ја изгубил власта и си најави своја оставка во текот на наредните денови.

Андерсон стана првата жена на премиерската позиција во Шведска минатата година, и ја водеше земјата кон НАТО по руската инвазија на Украина. Партијата Шведски демократи, Швеѓаните долго време ја бојкотираа поради нејзините корени во неонацистичкото движење.

Како резултат на тоа десничарскиот блок освои 176 места во парламентот, а блокот на левиот центар на премиерката Андерсон 173 места.

Подготвено од М.Н.

About Author