29.09.2022 Скопје
Руското министерство за надворешни работи соопшти дека пукнатините на гасоводот Северен тек, кои предизвикаа истекување на гас во морето кај Данска и Шведска, е под цела контрола од американските разузнувачки агенции.
Потпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјавила дека Вашингтон има целосна контрола на водите околу Данска и Шведска, каде што на четири места тече гас од гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичко море меѓу Русија и Германија.
Данска е членка на НАТО, а Шведска се обидува да и се приклучи на воената алијанса откако по руската инвазија на Украина се откажа од својата историска политика на неврзување. Захарова не приложи докази за американската контрола над Шведска и Данска, бидејќи ги нема, но кажа дека крајниот резултат ќе покаже дека сепак биле веродостојни нејзините сомненија.
Европската Унија се сомнева во саботажа како причина за истекувањето на подморскиот руски гасовод кон Европа и вети жесток одговор на секое намерно нарушување на нејзината енергетска инфраструктура.
Во моментот на подводните експлозии, ниту еден од цевководите не бил во употреба, но и двата биле наполнети со гас, кој истекувал во Балтичко Море, а првиот прекин бил забележан во понеделникот.
Подготвено од М.Н.