04.09.2022 Скопје
За загубите на електрична енергија во електродистрибутивната мрежа, од ЕВН испратиле соопштение во кое појаснуваат дека не е точно дека сите загуби на електрична енергија се признаваат и влегуваат во цената на електричната енергија. Во соопштението додаваат дека Регулаторната комисија за енергетика признава само дел од вистинските загуби на електрична енергија, додека значителна количина на загуба на електрична енергија не се признаени и паѓаат директно на товар на компанијата, а не на корисниците.
Од ЕВН дополнуваат дека останатите корисници во државата, кои се снабдуваат со електрична енергина на слободниот пазар од многу порано, имаат одвоени ставки во своите фактури за електрична енергија.
Оваа година, Електродистрибуција ги набавува загубите на електрична енергија по цена од 175 евра за MWh, што значи дека набавката е 120 GWh непризнаени загуби ја чинат компанијата 20 милиони евра непризнаени трошоци. Ова претставува огромно финансиско оптоварување за компанијата која директно влијае врз нормалното вршење на дејноста.
Загубите на електрична енергија се состојат од технички и комерцијални. Првите настануваат во самиот систем, односно се губи енергија при самото работење на енергетската инфраструктура и се неизбежни, а комерцијални се кражбите на електрична енергија со кои и ден денес ЕВН се соочува.
Подготвено од М.Н.