https://www.facebook.com/photo?fbid=637755904379816&set=a.482753366546738

09.09.2022 Скопје

Поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, по смртта на кралицата Елизабета Втора, во теков на вчерашниот ден на својот официјален Фејсбук профил изрази сочувство и испрати порака до кралското семејство.

Кралицата Елизабета Втора беше домаќин на приемот на Северна Македонија за време на НАТО смитот во Лондон во 2019 година, мудроста и капацитетот на кралицата во изминатите 70 години беа водилка на многу светски лидери, а со сигурност дека ќе бидат инспирирани уште многу држави и политички водства во времињата кои допрва ќе доаѓаат, стои во објавата на Зоран Заев.

Заев упати благодарност за се што кралицата и Обединетото Кралство имаат направено како поддршка за интегративниот пат на Северна Македонија, и порача да и биде светол патот кон рајот и да почива во мир, стои во изразеното сочувство од поранешниот премиер Зоран Заев.

Подготвено од М.Н.

About Author