https://www.flickr.com/photos/teia/51903036915/in/photolist-2n5uCAP-cXjnzN-o6zw4Y-2jABQGA-4iP3vw-4vESxc-2io1WnD-2jYKR8x-2nJD1kB-oeLzk2-pA5YYC-nPbnUj-2kM758E-iudkAE-nNUfNg-nb5m9c-2nFjLLA-4NFGW5-29X4hMp-nd7RFB-5dnWPJ-dGpPa5-97hUy3-4NF8tV-2jMTmGt-8p6WHd-ybuWV7-2jYQkQt-2i8mNdf-2jYQjPk-2jYKMsr-2jYPwBu-2jYKMT6-2jYKMaH-2jYPx4w-2jYPzD6-yqMpPQ-PKhBPz-2kHmhv1-cXeiY9-2eB79v9-ystZcp-nHjW8p-2gADAEb-2gACWgS-2gADAum-2gADxim-2gADwZ5-2gACVQM-2gACW4c

29.09.2022 Скопје

Шведската крајбрежна стража известила дека е забележано четврто истекување на гас во Балтичко Море над гасоводот Северен тек.

Во овој момент има две истекувања на гас од страна на Шведска и две истекувања од страна на Данска, изјавил претставник на крајбрежната стража на Шведска.

Досега властите на двете земји имале пријавено по едно истекување на гас на шведска страна и две истекувања на данска страна, исто така властите на Данска изјавиле дека во овој момент никој не смее да се нурне во тој дел од Балтичко Море за да процени колку големо е оштетувањето на гасоводот, бидејќи било премногу опасно поради истекувањето на самиот гас.

Европа оцени дека оштетувањето на гасоводот Северен тек е саботажа, а Москва го отфрли ова тврдење како апсурдно. Гасоводите Северен тек 1 и 2 во овој момент не работат, но во цевките сепак има голема количина на гас.

Подготвено од М.Н.

About Author