https://www.facebook.com/photo/?fbid=643341520496124&set=pb.100044608441941.-2207520000..

30.09.2022 Скопје

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, е во посета на седиштето на Интерпол и ова е прва посета на министер за внатрешни работи од Македонија да го посети Интерпол.

Министерот Спасовски соопшти дека на негово посебно задоволство, со Извршната директорка на ЕВРОПОЛ, Катрин Де Бол, заеднички договориле да се интензивира соработката и поддршката на Министерството за внатрешни работи во делот на компјутерскиот криминал и во делот на економскиот криминал и финансиските истраги во наредниот период.

Спасовски истакна дека остануваат посветени на интензивирање на меѓународната соработка и дека се отворени за унапредување на полициската соработка како со ЕВРОПОЛ, така и со сите други агенции за спроведување на законот ширум светот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author