28.09.2022 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во текот на денешниот ден им се обрати на медиумите, и изјави дека за целата нација ќе има обраќање на 8 Октомври, како што имаше најавено претходно.
Овој период ќе имаме многу важни состаноци, прво ќе дојдат европејците и германскиот претставник, потоа ќе одиме во Бугарија каде што ќе имаме средба со Урсула фон дер Лајен, ќе имам разговори и со Виктор Орбан за да се видат реално случувањата околу таканареченото Косово и да ги видиме случувањата во Советот на Европа и за сите овие состаноци нацијата ќе биде известена на 8 Октомври, кажа Вучиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се осврна и на ситуацијата во Украина и на тоа дека Србија не и воведе санкции на Русија. Патот на нашата држава е многу тежок и трнлив, но сепак и по таков пат ние се грижиме за интересите на Србија, нема да биде лесно и во иднина, кажа Вучиќ.
210 дена Србија издржа со стабилна политика и тоа никој не го очекуваше, јас како претседател на оваа држава, не се борам ниту за Бајден, ниту пак за Путин, се борам за Србија, за нашата земја, кажа Вучиќ и истакна дека притисоците ќе бидат се поголеми бидејќи нервозата на Западот станува поголема.
Подготвено од М.Н.