https://www.facebook.com/PandaPandaPaws/photos/pcb.455074759987620/455074466654316

23.09.2022 Скопје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјавил дека неговиот говор пред Генералното собрание на ОН предизвикал големо внимание, бидејќи бил поинаков и дека по симнувањето од говорницата му приоѓале шефови на мисиите и му честитале, со што навел дека станува збор за едни од најголемите мисии во светот.

Вучиќ изјавил дека неговиот говор бил повеќе и повнимателно пратен од обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, бидејќи тој се осмелил да зборува за вистината.

Од салата го пречекале голем број на шефови за да му честитаат на неговата храброст, но Вучиќ за жал ја зборувал само вистината, бидејќи тоа и треба да се зборува.

Српскиот претседател додал дека мисли дека со тој говор има направено добро на својата земја и дека покажал дека Србија не е земја која ќе можат да ја потчинат, бидејќи некои земји се поголеми од неа.

Србија може да се бори за своите ставови, според Вучиќ неговиот говор го расипал наративот на единство за територијалниот интегритет, бидејќи потсетил на нешта за кои многумина не сакале да се сеќаваат кога станувало збор за зачувување на територијалниот интегритет.

Вучиќ истакнал дека токму поради тоа инсистираат што побргу да се реши јазолот со Косово и дека околу тоа прашање на Србија нема воопшто да и биде лесно, кажал дека изнесувал факти, а не политички ставови и негова работа е интересот на Србија и на сите граѓани во Србија.

Подготвено од М.Н.

About Author