02.09.2022 Скопје
Српскиот претседател Александар Вучиќ го отвори Самитот „Отворен Балкан“ каде што е присутен и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, а присутни се и премиерот на Албанија, Еди Рама, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателот на Босна и Херцеговина, Тегелтија.
Вучиќ кажал дека е задоволен од иницијативата „Отворен Балкан“ и изјавил дека посебно се гордее со блискиот однос со Северна Македонија.
Србија и Северна Македонија секогаш имале блиски односи, дури и кога државите имале проблеми, но двете држави бидејќи веќе немаат ниту едно отворено прашање веќе се сметаат како најблиски соседни држави и тоа со гордост може да се каже, изјавил српскиот претседател Вучиќ на отворањето на Самитот.
Подготвено од М.Н.