29.09.2022 Скопје
Вјачеслав Володин, првиот човек на руската Дума, нагласи дека Русите не треба да бегаат од земјата во обид да ја избегнат мобилизацијата и дека тоа им е забрането со закон.
Володин истакна дека на граѓаните кои се евидентирани во воената евиденција, од моментот кога е објавена мобилизација, им се забранува да го напуштат местото на живеење без дозвола од воениот комесаријат и таква законска норма постои и по неа треба да се раководат сите воени обврзници.
Откако претседателот Путин прогласи делумна мобилизација, Русите масовно бегаат од земјата.
Британското разузнавање соопшти дека бројот на руски бегалци веројатно ја надминува големината на вкупните сили, со кои Русија ја почна инвазијата врз Украина во февруари 2022 година.
Подготвено од А.Ѓ.