21.09.2022 Скопје
Откако рускиот претседател Владимир Путин прогласил делумна воена мобилизација на населението, летовите од Москва до Истанбул или Белград се преполни, ова се единствени дестинации до кои може да се оствари лет и билетите чинеле на 2.000 евра.
Путин во свое обраќање до нацијата, рекол дека планира да испрати околу 300.000 нови војници во Украина, кои ќе треба да бидат од редовите на военоспособното население.
Според веб-страницата на „Ер Србија“, првиот достапен лет од Москва е на 9 октомври, а билетот во еден правец чини околу 800 евра. Иако веб-страната на „Ер Србија“ покажувала дека во следните две недели нема летови, сајтот на аеродромот Никола Тесла покажал еден планиран лет за во среда наутро, а глобалниот сервис за следење на летови, покажал најмалку седум летови кои се достапни до крајот на септември.
Ситуацијата била слична и со другите превозници кои летаат од Москва, до момент на објавување, прв достапен лет на „Туркиш ерлајн“ од Москва бил на 27 Септември и чинел околу 2.300 евра.
Во економската класа имало некои места кои чинеле и околу 2.800 евра, но само во еден правец, бидејќи сите информации за летовите, исто така и цените бргу се менуваат.
Подготвено од М.Н.