16.09.2022 Скопје
Водењето на дисциплинска и кривична постапка не значи дека обвинителите нема да можат да се кандидираат за избор. За секој обвинител може да биде поднесена пријава и самото тоа не значи дека е елиминиран од постапката, секој обвинител кој ги исполнува условите, има право да се пријави на огласот, изјавил претседателот на Советот на Јавни обвинители, Антонио Јолевски.
Јолевски истакнал дека во условите стои дека кандидатот треба да има шест години непрекинат стаж како јавен обвинител и за последните три години да е оценет со позитивна оцена. Јолевски изјавил и дека во вторник ќе имаат седница на Совет и на таа седница ќе бидат отворени сите огласи, за сите шефови на кои им истекува мандатот меѓу кои ќе се најде и Основното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Јолевски кажал дека избирачкиот список ќе биде објавен во рок од пет дена, откако ќе биде објавен огласот и во врска со изборот на републички обвинители, кажал дека тој е последен оглас.
Последен оглас предводело и за вишото обвинителство, како и за ЈО, не по тие огласи немаат добиено целосни односно сите оцени, иако биле побарани уште во Јуни, и се претпоставува дека поради одморите не можеле да извршат оценување на кандидатите кои биле пријавени. Се уште се чека да ги добијат оцените за да може да се премине на следниот чекор, а тоа е интервју и избор, бидејќи без позитивна оцена нема да мозе да се изврши избор, изјавил Јолевски.
Подготвено од М.Н.