05.09.2022 Скопје
Два во Скопје и еден или двајца во Охрид, толку лиценцирани инспектори за туризам има во Северна Македонија. Пазарот не е регулиран, голем е бројот на диви туристички водичи, сивата економија тивко, но во континуитет се зголемува.
Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски, оценува дека домашната туристичка индустрија моментално е како Ел Дорандо, бидејќи не само што нема инспектори, но нема ниту полиција.
Бројот на лиценцирани инспектори за туризам воопшто не е доволен за регулирање на пазарот, Јаневски смета дека треба и мора да се зголеми нивниот број, но и мора да се зголемат и надлежностите на Агенцијата за туризам.
Јаневски кажал дека пандемијата си го покажала своето лице и дека не биле доволно подготвени да се справат и да го регулираат пазарот, но дека мора да се даде јасен сигнал на инвеститорите дека треба да вложат во нови сместувачки капацитети, а на постоечките да го подобрат своето работење и услуга.
Доколку сивата зона во туризмот успее да се намали за 15-20 проценти во наредните неколку години, тоа би претставувало голем успех за целата Агенција за туризам.
Подготвено од М.Н.