27.09.2022 Скопје
Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, изјавил дека не се очекува бегалски бран од Русија, со оглед дека земјава нема никаква поврзаност со Москва, како што имаат некои други земји.
Доколку пристигнат руски бегалци во Северна Македонија, нема да го имаат истиот третман како украинските бегалци бидејќи украинците се третираат согласно со меѓународните организации во кои нашата држава е членка за згрижување на бегалци од војна, истакнал премиерот Ковачевски.
Во моментов нема предлог за да се укинат визите за руските граѓани, истакна Ковачевски, но не значи дека нема да се размисли за таа опција доколку биде доставен таков предлог за разгледување, како што веќе имаат спроведено таква санкција во некои земји членки на Европската Унија.
Во изминатите денови илјадници руски државјани ја напуштаат државата во обид да избегнат мобилизација, откако рускиот претседател Владимир Путин минатата седмица даде наредба за делумна мобилизација на 300.000 резервисти.
Русите најчесто со свои автомобили се упатуваат кон границите со Грузија и Монголија, каде што има долги колони и се чека дури и по 48 часа на граничните премини, бидејќи авионските карти, за оние дестинации кои се уште се достапни, значително се зголемени и достигнуваат дури и до неколку илјади евра во еден правец.
Меѓу земјите на кои на руските државјани им се дозволува влез без виза се и Србија, Турција, Грузија и Ерменија.
Подготвено од М.Н.