https://www.facebook.com/photo.php?fbid=469346198567757&set=pb.100064771413898.-2207520000..&type=3

28.09.2022 Скопје

Во воената вежба во Унгарија учествуваат повеќе од 1.200 војници од пет земји-членки на НАТО со употреба на тенкови, хаубици и борбени хеликоптери. Воените вежби се одвиваат во близина на Будимпешта и ќе траат до крајот на септември.

Во воената вежба Храбар воин 2022 учествуваат војници од Унгарија, САД, Италија, Словачка и Хрватска, кои користат хеликоптери Апачи, тенкови Леопард 2, самоодни хаубици ПзХ-2000 и стотици други возила.

НАТО соопшти дека ова е првпат во реална ситуација во Унгарија да се тестира нова борбена група на НАТО, наменета за дополнително зајакнување на источното крило на Алијансата. Воедно, НАТО истакна дека за време на оваа вежба, припадниците на армиите на тие земји меѓусебно се запознаваат со оружјето, опремата и процедурите и вршат заеднички тактички активности со боево гаѓање битки.

Маневрите се одржуваат на околу сто километри југозападно од Будимпешта на националниот воен полигон кај Варпалота.

Унгарија учествува со повеќе единици, меѓу кои 25. пешадиска бригада, петта пешадиска бригада и 24. извидувачки баталјон.

Италија е присутна со околу 260 лица од Тауринската алпска бригада, додека Армијата на САД учествува со дел од 502. пешадиски полк и хеликоптери пренесени од Романија.

Традиционален учесник на вежбите Храбар воин е Словачка и годинава учествува со 22. механизиран баталјон опремен со пешадиски борбени возила, додека Хрватска учествува со 60 лица од специјалните сили, воената полиција, тимот за контрадиверзантско и деминирање, штабни офицери и офицери за цивилно-воена соработка.

НАТО има осум борбени групи на своето источно крило, од кои четири се наоѓаат во трите балтички републики и во Полска, а по руската инвазија врз Украина беа активирани и во Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author