https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/c/c7/%D0%A1%D1%82%D1%83%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D0%BC_%D0%9F%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D0%B3%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.jpg

13.09.2022 Скопје

Министерството за образование и наука, објави дека во тек е аплицирањето за сместување во студентски домови за студенти кои се прва година запишани на студии. Аплицирањето ќе се врши преку електронски пат, преку порталот е-uslugi.mon.gov.mk, а крајниот рок за аплицирање е 16.09.2022 година.

Документите кои се потребни за бруцушите се наведени во конкурсот кој е објавен на посочениот портал и од каде истите треба да се симнат, уредно пополнат и повторно да се прикачат на апликацијата.

Конечниот список со примени студенти, кои ќе добијат студенстко сместување за оваа студентска година ќе бидат објавени на 30.09.2022 година на огласните табли на студентските домови, а исто така и на веб страната на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *