19.09.2022 Скопје
На глобално ниво бројот на мажите го има надминато бројот на жените од средината на 1960-тите, но оваа статистика до 2050 година се очекува соодносот на половите да се изедначи, се наведува во една студија која е направена во Обединетите нации.
Од 2021 година, имало околу 44 милиони мажи повеќе, отколку жени на глобално ниво, но се очекува таа разлика да се намали и да исчезне како резултат на неколку различни демографски трендови, сметаат од Обединетите нации.
Во следните децении, светската популација се очекува да старее поради големиот пад на наталитетот во многу голем број на земји. Помеѓу 1950 и 2021 година, просечната глобална возраст порасна од 22 на 30 години, а до 2050 година, ОН проектира дека просечната глобална старост ќе надмине 35 години.
Кога се говори за помладата популација, машките имаат предност бидејќи се раѓаат повеќе момчиња отколку девојчиња, меѓутоа во повеќето земји, жените имаат пониска стапка на смртност по раѓањето и имаат просек да живеат подолго од мажите. Поголема стапка на смртност кај мажите е поврзана најчесто со генетски разлики.
Не само што пректот на ОН прави еднаквост меѓу половите во 2050 година, туку претпоставува дека жените ќе почнат да ги надминуваат мажите во децениите по 2050 година.
Земјите во кои жените се побројни од мажите се Гвадалупе, Мартиник, Хонг Конг и Девствените острови во САД. Соединетите држави имаат повеќе жени отколку мажи од 1946 година, навадено е во податоците на Бирото за попис на САД. Во 2021 година, односот на половите на населението во САД било 98 мажи на 100 жени, до 2050 година се очекува бројката да биде 99.
Подготвено од М.Н.