https://www.flickr.com/photos/halfrican-goodness/3481236762/in/photolist-6iCfpu-7NL5HV-4wsCEF-8kuEcN-9iZaxC-23LLrau-KDrc2v-JAJ4N-gjuvg-4fpZXQ-67nnhh-2mZr29j-8LFebg-4wcQ6i-GAr2a-VvkH-8Ln9Yy-6ovHpP-4GvZLF-2wcHWM-fdh1H-8XFsQR-4WCXNs-a2roHz-ftAhp2-NoHn6-ny4N8e-4eS3zN-adNxxr-8i2WwF-9c4GMG-8bsgf7-ekfjnd-58Y6Ui-PNutxv-7jUEq6-7n4AiK-ffjwT-4gXQDb-QNZRjQ-ekfj2N-9KJ1df-nqEj4D-8VVu3q-9Za5w-5qwpgr-9mLqEV-dE5HFT-QNZTFJ-R36d8P

30.09.2022 Скопје

Владата на Србија на денешна седница ја одмрзна цената на млекото УХТ со 2,8 отсто масленост, која до денес беше ограничена на 128,99 динари.

Со новата уредба за цените на основните прехранбени продукти, ќе биде укинато ценовното ограничување на млекото со 2,8 млечна масленост, но маржата на целото УХТ млеко ќе биде 10 отсто. Покрај одмрзнувањето на цената, забраната за извоз на млеко ќе трае до 31 Октомври.

Кристалниот шеќер ќе биде со нова и до сега највисока цена, ќе изнесува 109,99 динари за килограм, а ќе биде сменета и цената на свежото пилешко месо, така да килограм во иднина ќе чини 319 динари.

Потврдено е дека регулативата за ограничување на цените на нафтените деривати ќе продолжи исто така до 31 Октомври, а одлуката за забрана за извоз ќе биде укината.

Владата на Србија со уредба на 6 Септември ја пропиша максималната продажна цена на млекото УХТ со 2,8 отсто масленост на 128,99 динари, и со истиот пропис беше изменета и намалена максималната трговска маржа за сите видови на УХТ млеко од 12 на 5 отсто, и беше воведена и забрана за извоз на свежо млеко и одредени млечни производи до 30 Септември.

Подготвено од М.Н.

About Author