12.09.2022 Скопје
Светската здравствена организација во својот нов извештај за Северна Македонија, забележала дека земјата постигнува напредок во намалувањето на антимикробната резистентност и во користењето на е-здравството во одговорот на Ковид-19, но катастрофалните здравствени трошоци и понатаму претставуваат предизвик.
Во новиот извештај на СЗО стои дека се гледа подобрување и дека Здравствениот систем на Северна Македонија има превземено чекори за нерационалната употреба на антибиотици. Антибиотиците се лекови кои спасуваат животи, но нивната злоупотреба придонесува за појава на мултирезистентни организми, кои се закануваат да ја намалат нивната корисност.
Овој извештај е еден од 14-те национални извештаи од серијата која е за поддршка на земјите членки во Европскиот регион на СЗО. Новите 14 извештаи даваат важни информации за состојбата на здравствениот систем на сите земји, и овозможуваат прегледност како и во кој правец се одвива напредокот на здравствените системи.
Според податоците од извештајот, е-здравствените интервенции одиграле клучна улога во одговорот на земјата на пандемијата Ковид-19 од почетокот на 2020 година. Новите извештаи даваат важни информации и податоци за здравствените системи во овие земји на концизен и достапен начин, и овие извештаи ќе ги поддржат земјите во понатамошното следење на здравствените системи со текот на времето, изтовремено поставувајќи ги во поширок контекст на Европскиот регион на СЗО.
Подготвено од М.Н.